КОЈ И СЕ ЗAKAHУBAЛ НА АНА КАМЧЕВА: Пред cвeдoчeњeтo, Ана Камчева добивала зakaни по нејзиниот живoт?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Случајот „Peкет“ на некој начин ја фасцинираше македонската јавност, поради фактот што истиот целосно ги разоткри спрегите помеѓу судството, бизнисот и политиката. Случајот и откри на јавноста како овие три елементи успеваат 30 години да кохабитираат заедно и не само што кохабитираат туку и просперираат.

Но токму Зоран Заев е човекот кој на некој начин ја прекина оваа соработка уценувајќи и притискајќи бизнисмени со нелегално снимени разговори од кои дел ги објави и во јавноста по што ги отвори „вратите на пеколот“. Откако беше отворена „пандорината кутија“ тој требаше и самиот да е свесен дека со преседанот кој го направи не завршува ваквата нечесна игра.

Истото го сторија и семејството Камчеви кои беа жртви на невиден милионски рекет, а немајќи доверба во институциите за прв пат рекетот го пријавија кај директорот на УБК Горан Николовски по што веројатно следувала и средбата на Заев со Орце Камчев и пријавувањето на „Рекет“ кај Вилма Русковска кога на 2 мај Орце Камчев го дава својот прв исказ и го пријавува и официјално случајот во обвинителството.

Но она што загрижува е тоа што првото апсење на прообвинетиот Бојан Јовановски и второбвинетиот Зоран Милевски кој веќе е осуден се случува речиси месец и половина подоцна, со што се отвора простор да вршат притисок врз сведоците, а Катица Јанева завршува зад решетки дури во август.

Сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева денес во Кривичниот суд откри дека притисоците врз семејството Камчеви не запрел ни откако Јордан Камчев го пријавил рекетот кај обвинителката Вилма Русковска. Според она што го говори сведокот Ана Камчева некој се обидувал да издејствува таа да ја премолчи вистината и да го промени сопствениот исказ со што ќе ги демантира тврдењата на нејзиниот сопруг.

-Дејан Пелистерка бил во просториите на одделот за организиран криминал и не кажал ништо па од таа причина се очекуваше од мене да ја премолчам и јас вистината како би издејстувале на крајот дека Јордан Камчев не знае што зборува. Ова беше еден од притисоците кои што ми се случуваше периодов и сакам да напоменам дека ова е само еден од притисоците, вели Камчева.

Таа не откри во судницата кој го вршел притисокот па се остава јавноста само да претпостави, кој би имал корист од ваквата ситуација. Она што таа не го кажа денес во судницата е тоа што заканите и притисоците биле пријавени во полицијата како и кај странските партнери, дали ова резултирало со престанок на притисоците немаме повеќе информации.

Кој сакал да го оспори сведочењето на Камчев останува нејасно? Но имајќи во предвид што стои во неговиот исказ, можеме само да претпоставиме.

Како и да е, од она што го дознава „Инфомакс“ притисоците и заканите врз Камчева се пријавени во соодветните институции, но и во неколку амбасади на стратешките партнери на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This