КОЈ СТОИ ПОЗАДИ УБИСТВОТО НА ДИЛАВЕР БОЈКУ: Нарачана ликвидација од политичко-криминалното подземје, поради интерес на власта!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Позади шпекулациите кои набрзо ги преплавија владините медиуми дека убиството на Дилавер Бојку е всушност крвна одмазда, за убиство кое го направиле неговиот брат и син кој се во затвор поради кривичнто дело, во полициските кулоари се зборува за сосема спротивна причина која довела до ликвидацијата на конкурентот на Зијадин Села во Струга, Дилавер Бојку

Имено, како што дознаваме, најверојатно се работи за нарачана ликвидација, откако Дилавер Бојку – Леку станал непотребен за сегашната власт. Сите знаат дека токму Бојку беше осуден на казна затвор додека ВМРОД-ДПМНЕ беше на власт.

За време на предизборната кампања за вонредните избори на 11-ти декември, неколкупати известувавме дека токму Зоран Заев, неколкупати остварил средба со Дилавер Бојку, на која стружани зборуваа дека се работи за координирање на активности во врска со обезбедување на потребните гласови од овој изборен регион.

По насилното превземање на власта од страна на СДС и Зоран Заев, но и неговиот коалиционен партнер, а конкурент на Бојку – Зијадин Села, според извори во полицијата станал непотребен за оваа власт. Но, она што ја прелило чашата бил фактот дека Бојку барал исплата на услугите за кои бил ангажиран, и за кои му биле ветени одредени награди. Бојку си го исполнил својот дел од договорот и ги обезбедил потребните гласови. Другата договорна страна, наместо награда му даде куршум во чело.

Од изворот кој и е познат на редакцијата, се додава дека се работи за професионално убиство. Како причини на прво место се наведува ладнокрвноста на убиецот, кој сред туристичка сезона, можеби на најфрекфентната локација во Струга одблиску пред стотици луѓе, го застрелува Дилавер. Според изворот, информацијата дека се рбаоти за крвна одмазда е само оправдување пред медиумите и истиснување на темата.

Понатаму, продолжува изворот, без да биде забележан убиецот избегал. Тој додава дека такво убиство не е можно без поддршка на локалната полицијата, инаку шерифи на актуелната владина гарнитура. Села и Заев требаше да испорачаат повеќе плажи за Бојку, а единствено што доби е куршум во чело – додава изворот.

Ова е дело на криминално-политичкото подземје на СДС и албнските криминални структури кое се разгорува во пресрет на локалните избори, убеден е соговорникот, и додава дека е апсолутно сигурен дека политичко-бизнис релациите се причината за престрелката сред Струга.

Како поткрепа на оваа информација, соговорникот додава и дека Села по склучувањето на коалиција со Заев има и силна поддршка од албанските екстремистички банди на Косово, и ги посочува како можни сторители на оваа ликвидација.

Дека Села навистина има силна поддршка од кланот Харадинај од Косово, зборува и фактот што веднаш по пуштањето од болницата во Скопје каде што беше хоспитализиран екс-градоначалникот на Струга по настаните на 27 април, први во посета му беа токму браќата Харадинај.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This