Кој ќе ги посоли автопатите за 2,4 милиони евра?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Македонијапат“ за претстојната зима ќе набави индустриска сол за автопатите и за тон ќе плати по 100 евра. Вкупната вредност на набавката е 2,4 милиони евра. Солта ќе ја набави од демирхисарската фирма „Димакс рудници ДООЕЛ“, која и лани добила тендер за сол за потребите на „Македонијапат“ за 1,4 милиони евра. И на двата тендери за сол што ги доби демихисарската фирма немало други понуди. За „Димакс рудници“ ова е најмрсен тендер досега, според достапните јавни податоци од базата на агрегаторот time.mk. За 4 години „Димакс рудници“ од „Македонијапат“ добила 47 тендери. Од нив највредни се двата за набавка на сол и двата за превоз на материјали и за сите заедно Гајур Кадриу плаќа

„Македонијапат“ за потребите на работа во зимски услови набави 21.000 тони индустриска сол и за тоа ќе плати 2,43 милиони евра. Цената по тон е нешто над 100 евра, а најдобар понудувач е демирхисарската компанија „Димакс рудници“.

Договорот двете страни го склучиле на 1 октомври годинава и тој важи една година. Снабдувачот се обврзува на „Македонијапат“ да и ја достави солта во две фази од кои првата фаза од 15.000 тони во тек на зимската сезона 2018-2019 година, а останатата количина од 6.000 тони ќе се набави согласно со потребите и тоа по претходна писмена согласност од ЈП за државни патишта.

„Димакс рудници“ фаќа два тендери кај „Македонијапат“ две години по ред. Многу е значајно тоа што и на двата тендери во вкупна вредност што надминува 3,8 милиони евра „Димакс рудници“ бил единствен понудувач и нема конкуренција. Тоа е очигледно од достапните податоци според кои се гледа дека на последниот тендер за кој е склучен договор на почеток на октомври стигнала само една понуда на вредност од 129.999.750 денари, а проценетата вредност на набавката била 130.000.000 денари. Вредноста со вклучен ДДВ е 2,43 милиони евра.

„Димак рудници“ и лани го лапнал тендерот без конкуренција

Од официјалните податоци се гледа дека оваа демирхисарската фирма и лани била единствен понудувач. „Македонијапат“ го распишаа тендерот со проценета вредност на набавката од 73 милиони денар. „Димак рудници“ единствен дал понуда во вредност од 72.996.000 денари односно само 6 денари помалку од проценетата вредност на „Македонијапат“. И лани договорот бил на времетраење од една година.

Која е „Димакс рудници“?

Од достапните јавни податоци се гледа дека на „Димакс рудници“ добро и оди со „Македонијапат“. Но одлично и оди со продажбата на сол. Имено, овие два тендери на „Димакс“ и носат вкупно над 3,8 милиони милиони евра. Оваа компанија од 2014 година до сега добила вкупно 47 тендери од „Македонијапат“. Другите 45 тендери се за набавка на потребен материјал за дејностите што го вржи „Македонијапат“ и се однесуваат на одржување на автопатите во земјава. Само овие два тендери се поголеми од еден милион евра од сите други 45 тендери. Дури овие два тендери се далеку повредни од сите други 45 тендери заедно. Третиот по големина тендер е за услуги т.е. превоз на материјали и неговата вредност е 460.500 евра, а четвртиот на ранг листата е вреден 326.200 евра и се однесува на истата услуга превоз на материјали за редовно инвестициско и зимско одржување. Од најголемите 5 тендери 2 се склучени годинава, а другите 3 се склучени лани.

Faktor mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This