КОЈ ЌЕ ЛЕТА ОД РАБОТА НА 12-ТИ ДЕКЕМВРИ: Направен список на партиски послушници на СДСМ во МВР кои ќе сносат одговорност по изборите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во МВР веќе се прави список на сите партиски активисти на СДСМ кои по наредба на Оливер Спасовки се откажаа од професионализмот и заклетвата

kriminalicimvr

Како што дознаваме, веднаш уште на 12-ти декември ќе се бара одговорност на сите оние кои униформата и полициската заклетва ја ставиле во втор план, одговарјќи на барањата и ветувањата на Оливер Спасовски.

Сите оние кои се откажале од професионалноста, а се наоѓаат на овој список ќе понесат одговорност на 12-ти декември.

Имено спротивно на законот за внатрешни работи и законот за полиција, партиските послушници на СДСМ почнале со активно агитирање и спроведување на партиски активности, како и присуство на партиски собиранки органирани од СДСМ, што според експертите е доволна причина по 12-ти декември да им се каже збогум, а претпоставените да им се заблагодарат за сработеното и да им врачат отказни решенија.

На тој начин, според експертите ќе се отворат нови места за млади и перспективни кадри, кои својата професионалност ќе ја базираат врз успешноста на работните задачи, а не врз основа на партиската послушност.

Неколку примери за оние кои на 12-ти декември ќе добијат отказни решенија се Емилија Велкоска инаку вработена во општ криминал во П.С Прилеп, инаку сопруга на новиот командир на П.С. Прилеп Зоран Велкоски.

Фотографирано денес на партиски настан на СДСМ.
policajci_sds

Освен Велкоска, на партискиот настан на СДСМ спротивно на сите професионални и етички норми присуствувал и полицаецот Киро Китаноски, инаку полицаец во П.С. Кривогаштани, познат меѓу населението како радикален партиски активист на СДСМ кој во неколку наврати ја злоупотребувал позицијата полицаец за да заплашува граѓани.
policajci_sds2

Овие два примери како што дознаваме се само дел од списокот на партиски послушници во МВР кои го злоупотребуваат своето работно место и наместо лојалност кон државата и професијата, својата лојалност ја делегирале на генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски.

Дознаваме исто така дека на списокот се нашле и насилниците, инаку вработени во единицата „Алфа“ кои имале намера, на барање на Спасовски да упаднат во УБК вооружени со автоматски пушки дента кога Катица Јанева планираше да ја подрие националната безбедност.
kriminalicimvr

  1. Игор П. – виш инспектор во единицата Алфа – кривична пријава за киднапирање и поседување оружје
  2. Слободан Ѓ. – Лути – виш инспектор во единицата Алфа – кривична пријава за семејно насилство
  3. Горан А. – Турче – единица Алфа – кривична пријава за престрелка за која е условно осуден. Се јавуваат и други пријави во крим евиденцијата
  4.  Никола В. – единица Алфа – Кривична пријава за тепачка со смртни последици. Осуден на ефективна затворска казна, а потоа помилуван од поранешниот претседател Бранко Црвенковски
  5. Далибор Т. – претходно избркан од единицата Алфа под соменине за кражба на запленети патики, сега самостоен инспектор.
  6. Горан С. – Кисел – самостоен инспектор – има забрана за безбедносен сертификат и не смее да има увид во класифицирани информации во кои спаѓа и наредба за вршење служба.
  7. Алмир Т. – виш инспектор, избркан од единицата Алфа поради решенија од дисциплинската комисија за прераспределување
  8. Злате С. – дел од единицата Алфа – кривична пријава за изнуда и грабнување, осуден на условна затворска казна
  9. Горан А. – лидер на Алфа тим – кривична пријава за изнуда и грабнување

Горенаведените се само дел од списокот кој како што дознаваме веќе е направен и само се чека на завршување на изборите за да биде ефектуиран.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This