КОЈ ЌЕ ЈА РАЗРЕШИ ДОБРИЛА: Зошто судството ни е по теркот на Кацарска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога ќе помине првичното „шок и неверување“ од тезгарскиот речник и нивото на кое е стигнато македонското правосудство, на кое Јустиција сигурно сака да си ги покрие и ушите, останува да се извлече само суштината на сè што вчера го слушнавме во Кривичниот суд. Накратко: уште еднаш е потврдено зошто нарачките, опструкциите, притисокот и самоволието во судството го носат името Кацарска судство и зошто не смее да се избрза со Законот за ЈО.

Јанева отстранета од судењето, ѝ рекла „ороспија“ на Стефанова

Иако судијката Васка Николовска-Масевска ѝ нагласи дека не мора, обвинителката Лиле Стефанова вчера јасно и гласно сведочеше дека меѓу разните емисари испратени за случајот „Империја“, меѓу кои судии, обвинители, политичари и бизнисмени, била токму и Добрила Кацарска.

Си ја штитиме фелата, така судија?, ѝ дофрли Стефанова на судијката и сепак го кажа името на Кацарска.

И не само тоа. Кажа дека кога се одлучувало за мерката притвор на Орце Камчев, судијката останала во судот од рано утрото, до другото утро следниот ден.

Кацарска се распрашувала за „Империја“ кај колега на Стефанова

И ова не би било чудно доколку била задолжена за случајот. Но, Кацарска НЕМА никаква врска со случајот „Империја“. Барем не како судијка.

Ако баба лаже, трап не лаже – Кога Кацарска се колнеше дека не ургирала во СЈО

Но, како што самата отворено пред македонската јавност кажа, нејзината фамилија била, е и ќе остане блиска со фамилијата Камчев. Да ги искористиме точните зборови – Тие ми се како фамилија!

Ова пријателство не е од пред две или пет години. Уште чичко ми од студентски денови бил пријател со сега покојниот Илија Камчев. Покрај чичко ми, со Илија Камчев се дружеше и татко ми. Мојата мајка работеше преку 30 години кај Илија Камчев, а веќе со години е пензионер. Снаа за мој прв братучед триесетина години работеше кај Илија Камчев. Ќерка ми работи 10 години во „Систина“. Значи се работи за фамилијарно пријателство со години и тоа пријателство не само што не го кријам или не се дистанцирам од оваа фамилија после овој предмет, туку јавно ќе кажам дека јас сум среќна што тие луѓе биле дел од мојот живот, тие и сега се дел од мојот живот и така ќе остане и понатаму. Во поглед на моја реакција или мои интересирања кај мои колеги, под полна морална, материјална и кривична одговорност пред цела македонска јавноста кажувам дека не сум реагирала кај ниеден судија, рече Кацарска.

Бидејќи „тие луѓе ми се како фамилија, секако дека би барала изземање“, додаде судијката на прашањето што ако ѝ се падне предметот „Империја“.

Зошто во тој случај судијката Кацарска сега е навредена од сведочењето на Стефанова, па дури и размислувала за кривична пријава за клевета? (Иако, како што објасни професор Димитар Апасиев „клевета“ кај нас повеќе не се гони со кривични пријави по КЗ, туку по lex specialis во парница, нешто што очекувате од вака реномирана судијка да го знае).

Кацарска за сведочењето на Стефанова: Згрозена сум, размислувам за тужба!

Прашањето е кој сега ќе ја разреши Кацарска, кога обвинувањата против неа се кажани во судница, од клупата за сведоци, од обвинител? И дали и покрај ургирањата за „фамилијата“, Кацарска не ургирала и за други предмети во кои како судијка не била засегната?

Кацарска е истата судијка која во најкус можен рок пресуди 211 години затвор за наводен тероризам во случајот „27 април“.

Невиден судски преседан – 211 години затвор за „27 април“

Додека случаи како „Монструм“ или Душко Лазаров и денес уште се влечат, одложуваат, додека други случаји од СЈО се одоговлекуваат до застарување, за оние од 27 април следеше екпресна „правда“ однапред досудена.

Кацарска: Ми честитаат за пресудата од 211 години затвор

Кацарска е истата судијка чии маратонски рочишта се најдоа и во месечниот извештај за состојбата со човековите права на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Истата чии противуставни небулози за случајот 27 април ќе се изучуваат како пример како не треба да се води една постапка на Универзитетот Колумбија.

Противуставните небулози на Кацарска во случајот за 27 април објавени и од Универзитетот Колумбија

Истата чие пристрасно судење неколкупати ја довело пред разрешување.

Дали противуставните небулози на Кацарска ја носат еден чекор поблиску до разрешувањето од позицијата судија?

Ќе се најде ли конечно мажот или жена што ќе оди до крај со тоа?

Извор: Република

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This