Коњановски: Гарантираме брза и квалитетна патна инфраструктура во Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гарантираме брза и квалитетна патна инфраструктура и затоа од првиот ден ќе се зафатиме со реконструкција и изградба на нови улици, изјави кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО ДПМНЕ, Тони Коњановски.
Во Битола ќе има улици со вело-патеки, јасно обележани пешачки премини и семафори кои работат, предочи Коњановски во изјава за медиумите.
-За големите артерии во градот, почнуваме со реконструкција на коловозот со комплетна реконструкција на подземната инфраструктура, а тоа значи промена на водовод, канализација, улично осветлување, електрика и поставување оптички кабли. Ќе ја реконструираме инфраструктурата и на улиците кои се во строгото централно градско јадро, а ќе градиме и нови улици, посочи Коњановски.
За Битола треба да се работи, а не од неа да се заработи, нагласи кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Тони Коњановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This