Коњановски: Основната цел на мојата програма е локалниот економски развој, нови инвестиции и работни места за младите во Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Битола го носи епитетот на конзулски град, град со своја традиција, со висок ретјинг меѓу граѓаните во Македонија,град што заслужува многу подобро од ова што го има сега, од овој начин на живот, од оваа безнадежност. Јас имав средба со дел од претставниците на тие земји што имаат конзуларни преставништва во Битола. Тие искажаа едно незадоволство од досегашната соработка со оваа локална власт. Тоа се луѓе битолчани, тоа се граѓани на Битола кои можат многу да донесат во економскиот локален развој”, истакна Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола во емисијата на МТВ.

Коњановски додаде дека основната цел во неговата програма е локалниот економски развој, стопанствениците треба да помогнат во реализирањето на проектите за доброто на граѓаните.

„Стопанствениците кои треба да бидат наши партнери во локалната самоуправа за реализирањето на економски проекти со цел на отворање на нови работни места и задржување на младите во Битола. Тоа што се случуваше во изминатите четири години е тотален застој во новите инвестиции кои Битола ги очекуваше и тотален застој на развој на индустриската зона „Жабени”, која може да има преку 6.000 вработувања, која чини преку 200 милиони евра инвестиции, голем профит може да се врти во таа зона. Така да потенцијалот е голем на Битола, и тоа е она првично што би го направиле за економски локален развој привлекување на нови инвестиции”, појасни Коњановски.

Коњановски посочи дека со чист образ ја бара поддршката на граѓните. Време е за нова иднина за граѓаните, Битола треба да стане подобро место за живеење, доста им е на граѓаните од хаосот што го приреди сегашната локална власт предводена од СДСМ.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This