Крај на неколкучасовниот колапс во југозападна Македонија – Ресен, Дебар, Охрид и Струга добија струја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите дефекти во преносната мрежа што се во делот на АД МЕПСО се отстранети. Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во Ресен, Дебар, Охрид, Струга и околните населени места.

Како што потврдија за МИА од МЕПСО, причина за прекинот во снабдувањето биле невремето и обилните снежи врнежи.

-Во југозападниот дел на земјава снабдувањето со електрична енергија е нормализирано откако претпладнево во 11.35 без напон останаа два 110-киловолтни далекувода од Вруток до Шпилје и од Битола до Ресен. Причина за испадот се невремето и обилните снежни врнежи. Наши екипи се на тререн, работат на санирање поситни дефекти кои не влијат на снабдувањето со електрична енергија, велат од МЕПСО.

Оттаму додаваат и дека за санирање на ситуацијата со далекуводите веднаш излегле на терен над 30 стручни лица со потребна механизација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This