April 26, 2024, 11:30 am

„Крај на убавата љубовна приказна“: Се paзделија Дунавка и Ване Цветанов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот директор на финансова полиција, со објава на својот фејбсук-профил реши да сподели со своите пријатели дека убавата љубовна приказна завршила.

Неговата објава ви ја пренесуваме во целост:

„Почитувани пријатели, како што навремено јавно Ве информирав за почетокот на убавата љубовна приказна, така сега јавно Ве информирам за крајот на убавата љубовна приказна.

Дунавка е прекрасна личност, искрено ѝ ја посакувам сета среќа на светот. Ја заслужува. Ние двајцата дојдовме од два различни света. Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене. Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света.

Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај. За да остане запаметена како убава приказна која што се случила некогаш… Јас летово се посветувам целосно на кариерата, на институцијата која што ми е доверена, а дружбите ќе ми бидат претежно со моите деца.

Здравје од Бога, во септември се гледаме со огромни институционални успеси!“, напиша Цветанов.

Познатата манекенка Дунавка Трифуновска минатото лето објави фотографија со која потврди дека е во љубовна врска со Ване Цветанов, поранешниот директор на финансова полиција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This