КРВАВИ ЧИЗМИ: Максим заборави на вредноста на животите на „мачињата, кучињата“ и на зајчињата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово Игор Божиновски, на својот ФБ профил го коментираше вчерашниот скандал со масакрот на неколку десетици зајаци од страна на градоначалникот Максим Димитириевски

 

„Почитувани кумановчани, конечно го дочекавме првиот “Капиталец” на градоначалникот Максим Димитриевски, првиот негов капитален проект – масакар на повеќе од 60 диви зајаци! За жал, да биде иронијата уште поголема, истиот тој градоначалник пред само извесен период имаше изјава со која ја покажува целокупната своја лицемерност, една од главните одлики на неговата матична партија СДСМ. Имено, Димитриевски изјави – … се работи за живот, без разлика дали е тоа живот на човек или живот на кученце, маче или било кое друго животно, треба да се покаже хуманост.

Максо, вака ли ја перцепираш хуманоста?! Или воопшто не ти е важно да кореспондира тоа што ќе го изјавиш со тоа што всушност го правиш? Кој е всушност вистинскиот Максо, оној што ќе каже нешто колку само да се каже за дневна употреба или оној што се впушта во крвава “журка” со недолжни животни, како неговите сопартијци во резерватот “Јасен”?!

Максо, крајно време е озбилно да се зафатиш со работата за која ја имаш добиено довербата од кумановчани, потребни се проекти и нивна конечна реализација, нема бегање од обврските што самиот ги прифати и вети пред нашите сограѓани. ВМРО-ДПМНЕ цело време “ќе ти дише во врат” и ќе те потсетува на тоа.

Одамна заврши твојот “меден месец” во градоначалничката фотеља, доста е веќе од “парадирање” и сликање на градежните инфраструктурни зафати (поточно – инфраструктурни прикрпувања), наследени од твојот претходник, рекламирање на обновувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација (што е тековна обврска), “цртање” на паркинг места и фалење дека со тоа е зголемена сообраќајната култура … (?!). Ако тоа ти беше доволно за да фатиш малку “залет” во својата функција и уште малку да си ja Boost-ираш својотa Facebook страница, ајде нека ти биде, ама доста е веќе.

Куманово е желно за дела и подобро утре, ама тешко некако оди тоа. Максим целосно се вклопи во сивилото и безидејност на неговата Влада, или поточно неговата #ЌеВлада – ќе направиме ова, ќе направиме она … а во реалноста ги имаме граѓаните кои со секој нареден ден се се повеќе разочарани и зачудени за кого го дадоа својот глас и доверба.

Туку Максо, уште нешто – навистина сериозен беше за најавениот проект за изградба на споменик на една странска компанија која вработува наши сограѓани во воените бази во Ирак и Авганистан?! Не, навистина е во ред и коректно да се каже дека тоа го изјави во една афектна состојба, испровоциран од советничко прашање, тотално неспремен за одговор. Или навистина планираш таков еден споменик? Имавме прилика изминатиот период да слушнеме што за таа идеја мисли пошироката јавност, мислењата се движеа на релација – вчудоневиденост од тоа што го слушаат до потсмев. На Куманово му требаат споменици, и тоа не само еден туку неколку, Куманово е пребогато со личности кои имаат оставено огромен траг во уметничкиот и општествениот живот на државата. И на крај на ден, ти се фати за KBR? Трагично, не е дури ни смешно.“ – пишува Божиновски на својот ФБ профил.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This