КРИВИЧНА ЗА СТЕЧАЈНИОТ НА „ФЕНИ“: Стечајната постапка била незаконска и нетранспарентна, Анѓушев вели – се е ок!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постапката за стечајот на комбинатот ФЕНИ била водена незакоснки и нетранспаренто, поради што Транспаренси интершнл ќе поднесе кривични пријави за стечајниот управник Мирослав Анастасиевски и стечајната судијка Валентина Горгиевска. Сомнежот се отворил поради учество на банките за кои веќе се води случај во јавното обвинителство и објавувањето на оглас за преработка на никелова руда. Многу работи упатуваат дека огласот е наменет за привилегиран понудувач, а договорот е склучен со неидентификувано правно лице кое во време на високи цени на рудата остварува големи добивки, вели Слаѓана Тасева, затоа рече таа бараме договорот настанат со инкриминирачки дејства да биде прогласен за ништовен, пишува Телма.

-Потписник е физичко лице, со број на пасош од непозната држава без адреса, некој добро се погрижил идентитетот да не биде откриен. Наводно се откупени побарувањата, збориме за нетранспарентна постапка и настојување некој откако ќе се ослободи од долговите, да стане сопственик на ФЕНИ.- вели Тасева.

Антикпорупционерите од Скопје, Брисел и Берлин ќе го испитуваат и влијанието на вицепремиерот Кочо Анѓушев врз стечајот на ФЕНИ по претходно добиена преставка од фирмата Кунико ресурси.

Иако одамна е изминат рокот што го дал стечајниот управник за поднесување на план за реорганизација на работата во ФЕНИ, досега вели Тасева, ниту еден доверител не го видел таквиот план иако неколкупати барале увид во нeго.

Од друга страна, фирмата „Глобал Спешал Опортјунитис ЛТД“ регистрирана на Бахамите од пред една недела е меѓу доверителите на ФЕНИ, објави НоваТВ. Промената во Централен регистер била направена на 17 април. Во регистерот пишува дека освен фирмата од Бахами, за членови на Одборот на доверители во отворената стечајна постапка се именуваат и Цементарница УСЈЕ Скопје и ТАВ Македонија, а се разрешуваат досегашните доверители: Комерцијална Банка, Стопанска Банка и МЕПСО АД Скопје.

За стечајната постапка во ФЕНИ, се огласи кабинетот на Кочо Анѓушев.

-Во врска со информациите во јавноста поврзани со стечајната постапка во ФЕНИ индустри, би сакале да ве информираме дека стечајна постапка се води во соглсност со Законот за стечај, со соодветни органи на управуање за зачувување на стечајната маса, со крајна цел заштита на интересите на доверителите. Владата во рамките на своите активности будно ја следи состојбата на стечајната постапка заради заштита на јавниот интерес, од причина што ФЕНИ индустри е клучен индустриски капацитет, кадешто работат над 700 работници. Особено важно да истакнеме е дека овој комбинат го детерминира економското живеење во кавадаречкиот регион, важен е за локалниот економски развој, а исто така и за економијата на Република Македонија.- се вели во соопштението од кабинетот на Анѓушев, пренесе а1он.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This