КРИВИЧНИОТ СОВЕТ ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА НА ГРУЕВСКИ: Екс-премиерот Груевски од понеделник во „Шутка“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс-премиерот и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, активен пратеник во Собранието на Р.Македонија најверојатно од понеделник ќе мора да се упати во истражниот затвор „Скопје“ каде ќе треба да започне со отслужување на двегодишната казна затвор која ја доби поради набавката на блиндираниот „Мерцедес“

-Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби истакнати од одбраната и обвинетиот во предметот со КОК бр. 59/17, од обвинителството означен како „Тенк“, изјавени против решението на судија за извршување санкции, денеска одржа седница на која по ценење на фактите и доказите во жалбите донесе решение со кое ги одби жалбите и го потврди решението на судијата за извршување санкции, велат од Кривичниот суд.

Оттаму додаваат дека решението е испратено до странките во постапката и истото е извршно веднаш по приемот од странките. Ова значи дека штом Груевски ќе го прими решението, веднаш треба да замине во истражниот затвор „Скопје“.

Матичната партија на Груевски го оцени овој процес како политички монтиран поради непочитувањето на доказите од страна на судот кои јасно укажуваа на фактот дека Груевски нема никаква вина.

Претходно и граѓани изразија поддршка за екс-премиерот на протест пред Кривичниот суд во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This