Уште еден скандал со непотизам ја тресе власта на СДСМ. Имено овој пат се работи за роднина на пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зеќири. Новинарот Зоран Божиновски на својот Фејсбук обелодени документи од одлуката за вработување на Шахдија Зеќири за која тврди дека е роднина на Мухамед Зеќири. За крај тој иронично коментира, крив ли е Муки што неговата роднина е најдобра.
-Крив ли е Муки Зеќири што неговата роднина е најдобра, па ја избрале да ја вработат!? Шахдије само ќе внесува податоци, пишува новинарот Зоран Божиновски