КУЗМАНОВСКА: Без никакво објаснување ќе го зголемите јавниот долг за речиси 6 проценти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лилјана Кузмановска, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, ја запраша власта зошто има потреба да се зголеми процентот за задолжување на јавниот долг.

„Значи одвојување од фискалната стратегија во стратегија за јавен долг во кој точно ќе се информираат граѓаните дека јавниот долг нема да помине поголем процент од 54,2% во текот на 2019 година. Е сега тука е тоа прашање и мене што ме заинтрегира, односно што треба да знаат и граѓаните зошто и каде тој јавен долг од последниот квартал 2018 година кој е 48,7% ќе се зголеми на 54,2%. Ама апсолутно без никакво образложение“, појасни Кузмановска.

Кузмановска запраша зошто, како и за која намена ќе се зголеми процентот за задолжување на јавниот долг. „Јас и на самата Комисија говорев со бројки, барав да ми се даде образложение каде оди односно за што е тој дел на враќање на долгот, односно задолжувањето, каматите и остатокот за што е употребен. И многу пати од говорница бараме одговори од министерот за финансии“, посочи Кузмановска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This