КУМАНОВО ЖAPИШТЕ НА ЕПИДЕМИЈАТА: Зapaзени 11 meдицински лица, се праќаат лекapcки зacилувања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Куманово досега се регистирани 85 случаи на заболени лица од корона вирус. Само во текот на вчерашниот ден се забележани 23 нови случаи. Општина Куманово речиси две недели бараше да се воведе карантин во градот, а Владата вчера одлучи од синоќа од 21 часот до понеделник во пет часот да се воведе полициски час на територијата на Куманово.

Таквата одлука и доцното нејзино соопштување, предизвика немир и паника меѓу кумановци кои масовно се упатија кон маркетите за да се обезбедат со неопходните производи за викендот. Тоа, пак, предизвика турканици и големи редици во продавниците, на што реагираа голем број граѓани кои на социјалните мрежи се побинија дека начинот на кој беше соопштрна одлуката за ставање на градот во карантин во текот на викендот максимално ја зголемила опасноста за ширење на вирусот.

Меѓу заболените во Куманово, единаесетмина се медицински лица од Кумановската болница. Поради троа и намалениот медицински капацитет на болницата во Куманово се упатени двајца дополнителни доктори, еден од Скопје и еден од болницата во Штип, кои ќе ја организираат работата на ова исклучително важно одделение во Кумановската болница во овој момент.

Министерството за здравство треба да изработи план за непречена работа и на здравствените установи на подрачјето на Општина Куманово. Исто така, сите вработени во здравствениот систем кои се од Куманово, а работат во други градови во државата, ќе се стават на располагање на болницата во Куманово.

Ќе се определат и инфектолози од другите градови во регионот, Крива Паланка и Кратово, кои ќе бидат повлечени за да работат во Центарот за јавно здравје во Куманово.

Здравствениот персонал што ќе биде ангажиран како дополнителен, ќе работи најмногу 14 дена, а потоа ќе биде заменет со нов тим според систем на ротација.

Покрај медицинските лица од Кумановската болница и на Инфективната клиника во Скопје има еден медицински техничар, што е позитивен на корона вирусот и има клиничка слика на воспаление на белите дробови.

– Направена е семејна и епидемиолошка анкета меѓу вработените и согласно тоа, ќе се постапи за да се организира делот на работата во одделението каде што работел, во рамки на Клиниката. Сега детално се разговара и со сопругата за да се анализираат и евентуални дополнителни приватни контакти, како и првични контакти од епидемиолошката анкета – изјавиФилипче.
На Клиниката се хоспитализирани 67 пациенти од кои 10 имаат тешка форма на манифестација на болеста, другите пациенти се со лесна, односно средна форма на клиничка слика.

Според местото на живеење, досега случаи на корона вирус се регистрирани во: Скопје – 208, Куманово -85, Дебар – 49, Штип-15, Прилеп – 22, Тетово – 15, Струга – 9, Велес – 8, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 2, Гевглелија – 4, Струмица – 1, Крива Паланка- 2, Кочани – 1.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This