Куновска: 3aeв ведаш да замине од СДCM и функциjaта пpeмиер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев, заедно со своите најблиски соработници, треба да замине веднаш од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и од фунцијата премиер, вели поранешната функционерка на СДСМ Софија Куновска, додавајќи дека за нив нема повеќе место во нашите животи.

Тоа може да го разберат веднаш и да заминат, посрамотени со наведната глава или можат да чекаат (читај да се дозбогатат) да украдат уште некое време и да го чекаат денот кога ќе стигне казната од граѓаните.
Во историска смисла, оваа отсечка ќе биде еднакво грозна како и владеењето на Никола Груевски и неговиот режим. Тој драматично ја уназади цивилизациски, поточно економски, образовно, културно, а особено идентитетски барајќи ги корените кај Хунзите и Александар Велики. Оваа гарнитура продолжува со истиот идентитетски инженеринг, но во спротивната насока, трампајќи ги вистинските корени, со сосед со јасни вековни аспирации, за трговска зделка, онеспособувајќи ги на дневна основа, заради својата неспособност, сите витални системи на државата.
Патем оваа карикатура од премиер е најсрамотната презентација на нашата држава, на меѓународна сцена, за која паметиме, вели Куновска.

Бидејќи не заслужуваат повеќе, додава Куновска, во оваа прилика во фуснота само сакам да посочам уште некоја дилема:

1.Навистина ли мислат платениците од медиумите дека и ова ќе им го голтаат граѓаните? Имаат ли лимит?
2. Посебно сум љубопитна, дали по се ова ќе има трансформација на досегашната соработка на бизнис-комитите од ВМРО со актуелниот премиер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This