КУПУВАЊЕ НА ГЛАСОВИ СО ПОМОШ НА ПОЛИЦИЈАТА: Во Битола се делеа пари за гласови, полицијата ги штитеше купувачите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

В0 неделата Република објави дека беа приведени тројца активисти на СДСМ во Битола кои делеле пари за да поткупуваат гласови во битолската населба „Баирот“.

Република, стигна и до фотографија од активиститите на СДСМ кои биле пријавени од граѓаните.

Полицијата ги привела, но дали ќе одговараат за ова кривично дело, останува да видиме. Според пријави на граѓаните до „Република“, на денот на изборите низ Битола во текот на целиот ден циркулирале возила на полициската единица „Алфа“, а во секое од возилата имало по еден активист на СДСМ.

До порталот пристигнаа и фотографии, на кои се гледаат возилата.

Купувањето на гласовите на социјално-ранливите категории во македонското општество и на гласовите на помалите етнички заедници (пред се на Ромите), како и купувањето на изборните комисии и набљудувачи на самите изборни места е завршниот чин. Како на ланските парламентарни избори на 11-ти декември, така и на овие локални избори,пишува  новинарот Бобан Нонковиќ.

-Ако на пример гласовите на Ромите на битолскиот Баир до ланските парламентарни избори топ-тан чинеа 200 илјади евра, сега сценаристот и режисерот на инженерингот со многу странски пари (до 11-ти декември), а со парите од државниот буџет на Македонија (за локалните избори), ги купуваа десеткратно повеќе (два милиони евра!). „Се што не може с’с пари, може с’с многу пари!“ – велат кај нашиот источен сосед. Само што во контингентот, сценаристот и режисерот сега великодушно си купуваа и гласови на Албанци (и на 11-ти декември 2016 година и сега), со тоа што таму процесот на купопродажба се одвиваше преку џамиите (затоа и во врвот на СДС се инкорпорирани двајца оџи: Мухи и Рамадани), пишува Нонковиќ.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This