КУРДИТЕ ЗАПОЧНАА НОВА ОФАНЗИВА: Народните одреди на Курдските сили започнаа офанзива против ИСИС

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силите за заштита на народот на сириските Курди соопштија дека започнале нова офанзива против преостанатите борци на џихадистичката група Исламска држава (ИД) на територијата на источниот брег на реката Ефрат во сириската провинција Деир ез-Зор.

Командантот на Силите за заштита на народот, Хашем Мумамед изјави дека борците на оваа групација своите активности во реонот ќе ги координираат со ирачката Армија и со меѓународната антиџихадистичка коалиција предводена од САД.

Борците на Силите за заштита на народот се повлекоа од источниот брег на Еуфрат и се префрлија во реонот на Африн, со цел да им помогнат на своите соборици во спротивставувањето на офанзивата на турската Армија, што започна на 20 јануари.

Според Мухамед, од таквата одлука на силите на сириските Курди најголема корист имале „бандите на ИД“, кои како што нагласи, значително ги засилиле своите активности во реонот на сириско-ирачката граница и воспоставиле нови позиции на тоа подрачје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This