КУРТО ДУДУШ ПОВТОРНО СО НАВРЕДИ И ДИСКРИМИНАЦИЈА КОН НОВИНАРИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Ти личиш и се облекуваш како Марија Шерифовиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш повторно преку социјалната мрежа Фејсбук влезе во преписка со истакнатиот граѓански активист Дехран Бислим.

Дудуш со директни навреди го нападна Бислим затоа што ја искоменирал средбата на лидерите на ромските партии.

Дехран Бислим во својата објава напишал дека средбата помеѓу лидерите на ромските партии е исклкучиво на оние кои го поддржуваат СДСМ со оглед на тоа што се сликани со летоци на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и немаат никаква врска со ромските проблеми и прашања, и дека средбата била исклучиво коалициска.

На ова градоначалникот Дудуш под нивото му одговори на Бислим со директни навреди, а неговиот изгелед го споредил со Марија Шерифовиќ.

Кој ќе ми одговори точно на прашањето ќе добие две вип карти за концертот на Саша Ковачевиќ.

Кој човек меѓу нас Ромите од Шутка, познат аналитичар, ко божем новинар (курсист) личи на Марија Шерифовиќ, а е машко, нема ниту еден ден работен стаж и живее на грбот на жена му?

Ова не е прв пат Курто Дудуш да не бира зборови кога се обраќа на оние кои му упатуваат критика дури и кога е добронамерна, тој и во минатото ги навредуваше оние кои не се негови истомисленици.

Инаку, Дехран Беслим е долгогдишен новинар и граѓански активист кој ги застапува правата на Ромите во земјава и дијаспората

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This