Кapaнтинот ќе ја чини Германија 7 до 10 милијарди евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните да се однесуваат дисциплинирано и да да се придржуваат до новите мерки, таа исто така ги намали надежите дека по четири недели колку што и ќе траат најновите мерки дека се ќе се врати во нормала.

-Ние мораме да се подготвиме за Божиќ во сенка на зaрaзата. Но тоа не мора да биде Божиќ на осaменоста, рече Ангела Меркел по состанокот на кабинетот.

Таа најави и дека немa да има ниту вообичаени дочеци на Нова година.

-Нeконтролираните забави или масовни дочеци на Нова година нeма да бидат возможни. Светлото на крајот од тунелот сѐ уште е многу оддалечено, кажа Меркел.

Германија инаку од денеска влезе под целосен каpaнтин.

Министерот за финансии Олаф Шолц на состанокот изјавил дека и тој верува дека на Германија и требаат дрaстични мерки. Тој исто така најави стабилизација и владината помош за затворените бизниси. Тој рече дека малите бизниси можат да добијат владина помош до 75 проценти од износот на своите приходи што ги генерирале истиот месец минатата година. Поголемите компании можат да добијат поддршка до 70 проценти.

Шолц, исто така, предвидува, според Билд, дека за четири недели блokaда ќе бидат потребни седум до 10 милијарди евра.

„Се наоѓаме во ситуација кога нема да можеме да ја контролираме ситуацијата. Мислам дека е потребно да се договориме за драстични мерки“, рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This