Лавров до Американците: „Се надевам дека извлековте поука и ја сфативте пораката“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Главниот заклучок што Америка може да го извлече по Авганистан е дека никогаш не треба да учи некого како да живее, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, додавајќи дека се надева дека Американците извлекле правилен заклучок од целата ситуација.
„Главниот заклучок е дека не треба да учи некого како да живее, а особено не со сила“, рече Лавров, за време на својата посета на Австрија.

На заедничката прес -конференција со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг, тој потсети на примерите на Ирак, Либија и Сирија, каде што „Американците сакаа да ги натераат сите да живеат онака како што мислат“.
„Споменав четири воени кампањи кои не донесоа ништо добро. Имаше само експлозии на тероризам, а во некои случаи и трговија со дрога, а има и колони од илегални мигранти кои ја преплавија Европа штом силите на НАТО ја бомбардираа Либија“, додаде рускиот министер.

Да потсетиме, ситуацијата во Авганистан се влоши во последните недели, откако офанзивата на Талибанците врз поголемите градови започна во време кога американските сили почнаа да се повлекуваат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This