ЛАГИТЕ СО „МАЛИ ЃОКИЦА“: Заев со лажење и приземни тактики во дебатата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Заев на дебатата со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обиде со ниски тактики и лажење да ја манипулира јавноста. Тој кажа невистини за Мицкоски. Најпрвин рече дека Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не е енергетичар и дека просечната цена на струја додека Мицкоски бил директор била 43,4 а сега е 38,17. Потоа посочи дека Мицкоски бил асистент на татко му. Овие лаги беа експресно демантирани од Христијан Мицкоски.


Татко ми не беше професор на економскиот факултет. Инаку господине Заев, две грешки направивте. Нити тогаш била 43 , нити сега е 38. А имате еден од најблиските соработници, можеше да ве подготви подобро за цената на електрична енергија. Најдобро знае он колкава била тогаш и сега, а таа е непроменета. Околу 41 е некаде производната цена и тогаш и сега бидејќи регулаторниот период трае 1 година, така да не е возможно да се промени, иако сега со 1,5 % кои што барате се обидувате пред граѓаните да кажете дека е, ама нема да ви дадам нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски го поправи Заев и му кажа дека започнал како асистент и бил асистент на дванаесетина професори односно дека се вработил во 2002 година. Тој му посочи на Заев дека е неинформиран и слабо подготвен. Доколку го прашал Мицкоски, Заев ќе добиел точни информации за неговиот ангажнан на Машинскиот факултет.

Претседателот Мицкоски изрази жалење за тоа што Зоран Заев кажува погрешни податоци пред јавноста за енергетиката.
Навистина жалам што дискутираме на тема која што не само што не ја владеете, него и погрешни податоци кажувате. Енергетиката е комплексна струка. Машинскиот факултет има насока енергетика, производно машинство, индустриски менаџменти и така натаму. Така што гоподине Заев ај што не знаете, прашајте ќе ви кажат. Нема да ве излажат. Не ми е мене тоа карактерна особина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This