Повеќе портали денеска објавија фотографија со текст:
,,Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев вчера беше фотографиран како се капе во водите во Охридското езеро.
Премиерот е во придружба на неколку негови соработници и пријатели, меѓу кои и Даме Ложанкоски, човекот кој ја направил фотографијата.
Ложанкоски е поранешен претседател на ОО на СДСМ Струга.“-напишаа десетина портали во Македонија, притоа без да ја проверат вистинитоста на оваа информација.
Но, потребни се само две минути да проверите од каде потекнува оваа фотографија, без оглед кој ја пласирал сега и со каква намера.
Фотографијата е постирана на 5 август 2016 година, на ФБ профилот на Даме Ложанкоски, на која се тагнати и Зоран Заев, Димче Шипинкаровски и Сашо Коркут.
Патем , доволно е да ја погледнете бојата на езерото, за да сфатите дека тоа е фотографирано во лето, но и лежерноста на капачите.Па на здравје, полтронско новинарство.