ЛАЖНА ТРЕВОГА: Потврдено, штипјанката нема корона вирус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лажна тревога за коронавирус во Македонија. „Сител“ објави дека штипјанец пред еден месец се вратил од Кина, а во меѓувреме неговата сопруга добила висока температура, еден од симптомите карактеристични за новиот вирус. Здравствените власти веднаш се мобилизирале и почнале да испитуваат за што точно се работи, но лабораториските анализи покажале дека жената имала грип и сега нејзината здравствена состојба е стабилна.

 

 

 

Случајот го потврди и министерот за здравство Венко Филипче.

Немаме таков случај, имавме само еден случај во Штип, но се потврди дека станува збор за грип, изјави Филипче.
По прогласувањето на коронавирусот за глобална здравствена закана, а најголема опасност има кај земјите со послаб здравствен систем, Филипче уверува дека земјава е подготвена да се справи со предизвикот. Од понеделник на дневна основа ќе ја информираат јавноста за се што преземаат и дали има најава за доаѓање на граѓани кои биле во подрачја каде има заболени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This