ЛАЗАРЕВСКИ ГИ „ЗАГЛАВИ“ ВЕУРШЕВСКИ И ЗАЕВ: Сведочењето на сведокот од УБК, кој ги снимил „бомбите“ укажува на тоа дека биле нарачани од Верушевски?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фактот дека Верушевски организирал мрежа за прислушкување и дека со незаконски стекнатите материјали уценувал политичари – освен изказите на Љупчо Георгиевски и Мирка Велиновска кои сведочат дека ним лично им презентирал дел од тие материјали, го потврдуваат и други настани и постапки кои јавноста ги памети. Имено Верушевски во моментот кога се чуствуваше загрозен, во периодот кога неговиот син беше притворен под притисок на јавноста поради бројните прекрушавања на Законот, изнесе закани дека ќе проговори, по што експресно беше сместен во димпломатски води во амбасадата во Рим. Вака, Бранко Црвенковски и СДСМ си купија мир за валканите работи да не излезат на површина, а Верушевски го доби посакуваното. ,

Информациите велат дека тој настапил со уцените поради две причини: Првото е што не е поставен за министер за внатрешни работи по победата на СДСМ на изборите од 2002 година, иако тоа му било ветено. Доказ за тоа се снимки кои деновиве ги спомнува Мирка Велиновска – видео снимки кои Верушевски тајно ги снимал дома кај Хари Костов, на негова семејна слава, и разговори околу поделба на власта и ресорите. Вториот мотив на Верушевски се обвиненијата за обид за убиство, изнуда, пукање, газење човек за кој под притисок на јавноста требаше да одговара неговиот син.

Како последно во низата тешки кривични дела беше пукањето и обидот за убиство извршени од Александар Верушевски во јули 2005-та година во Струга, по што е уапсен и одредена му е мерка притвор. Неговиот татко Зоран Верушевски имал и средба со јавниот обвинител Александар Прчески, која е снимена од новинари но, во обвинителството нема никаква трага дека таа средба воопшто постои, ниту за содржината на разговорите.

По судењето на неговиот син во 2006 година, Зоран Верушевски изјави и се закани дека ќе проговори, ќе објави материјали кои ќе предизвикаат силни немири, хаос по улиците и граѓанска војна, идентично како што и направи во комуникацијата со еден од осмничените од “Пуч” говореја за почеток на граѓанска војна.

Зоран Верушевски не ги оствари заканите во 2006та, и го доби она што го бараше. Истата година по предлог на еден од првите соработници на Црвенковски, шефот на агецијата за разузнавање Лазе Китановски, Зоран Верушевски е поставен за советник во македонската амбасада во Рим, Италија. Во октомври 2007 година тогашниот претседател Бранко Црвенковски донесе одлука за помилување на Алексанадар Верушевски. Одлуката ја донесе иако против таквата одлука беше Министерството за правда, а против беше и управата на затворот во Битола каде тој ја издржувал казната.

Но, тука не запираат неговите проблеми. На 19 јануари 2012 година во Струга се случува тежок инцидент. Во тепачка и престрелка со пукање при што се ранети две лица учествувал и Александар Верушевски, а МВР против него и две други лица поднесува кривична пријава за насилство и обид за убиство. При претресот на стан на Верушевски во Струга, пронајдени се оружје, 500 таблети екстази и дрога.

Кога во 1998 година СДСМ ја загуби власта, Зоран Верушевски го напушти МВР и местото професор на факултетот за безбедност, зема 24 плати и 10.000 евра но, во 2002 се врати на функција, а парите од отпремнината и двата државни стана ги задржа. По новиот пораз на СДСМ на изборите замина кај Фијат Цаноски, и стана професор на факултетот за безбедност на ФОН.

Постојаното толерирање на Верушевски од страна на СДСМ говори дека Зоран Верушевски има посебни заслуги за СДСМ и дека тој практично и никогаш не престанал со снимање. Аферата “Големо Уво” која му помогна на Црвенковски да дојде на власт опфаќаше период од 98 до 2001 година, во кој се снимени разговори на новинари, медиумски работници, политичари.

И Мирка Велиновска и Љубчо Георгиевски кажуваат дека снимањето продолжило и такви материјали постоеле и во периодот што следи. Очигледно е дека Верушевски секогаш игра на страната на СДСМ. Ваквата игра сакал да ја продолжи, но не му успеа со актуелните случувања и тој беше фатен заедно со неговата агентурна мрежа.

Сето ова, сега и пред судот го потврди сведокот Ѓорѓи Лазаревски кој во процесот „Таргет – Тврдина“ истакна дека тој прислушкувал и снимал разговори помеѓу високи државни функционери уште во 2008.година, но тие снимки ги чувал до 2010. бидејќи до тогаш немал докази за да ги поткрепи снимките. Од 2010. година почнал да соработува со Верушевски, нему да му ги предава снимките, а подоцна и по наредба на екс-разузнавачот да снима разговори.

Последното усб го предал во ноември 2013 година, а од МВР заминал на 31 октомври после закана од Грујевски дека доколку не замине ќе биде вклучен во процесот „Шпиун“, изјави сведокот Ѓорѓи Лазаревски на денешното рочиште на предметот „Таргет-Тврдина“.

По моето напуштање на МВР, појасни Ларазевски, Звонко бил службено испратен кај него да дознае за неговите активности и тогаш му достави нови документи.

– После апсењето на Верушевски ми се јави Звонко кој бил во присуство на Грујевски и ми рече дека рекол дека ако јас сум инволвиран во тоа што се случува лично ќе ми го пресече гркланот. Сфатив дека подобро е да пријавам што се случува. Пријавив дека материјалите му ги дале пет луѓе од МВР кои веќе се во странство, но побарав средба со Грујовски и таму кажав дека јас ги предадов на Верушевски, изјави Лазаревски.

Појасни дека пред да си оди од МВР ја избришал содржината од дискот и го предал во обвинителство.
Претходно, во својот исказ Лазазревски посочи дека имало три лица кои биле „парарепродуцери“, и кои правеле извештаи на нелегалните таргети пред се на јавни личности и политичари. Тоа го знаел, бидејќи Звонко Костовски бил системска поддршка на парарепродуцерите и се грижел за нивните компјутери.

– Верушевски беше прислушуван и не само тој, туку и неговите деца и сопругата, изјави Лазаревски.

Прашан зошто Верушески бил избран за лице да му ги предадат материјалите, сведокот рече „бидејќи е професионалец“.

Тој мрачен период на полициска тајна контрола над македонската политика за сопствени цели и корист чиј прв, но не и единствен експонент е Зоран Верушевски – речиси две децении се градеше, и опстојуваше. Се до сега.

Верушевски и Заев ја извршија заканата, неговите незаконски снимки се појавија, а со тоа завршува и еден темен, мрачен и мачен период на злоупотреба на моќните полицајци и нивно насилство врз јавноста и државата.

Од судот и од нас зависи дали ова ќе биде крај на тој мрачен период, или ќе биде стимул тој да продолжи, и да се појават нови лица од подрумите на тајните полициски досијеа кои од мракот на своите подруми тајно, и од заднина, ќе владеат со македонската политика во иднина.

Фото:
Академик.мк

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This