ЛАТАС ОТКРИВА: Го држат Никола Тодоров со два случаја – затоа формира партија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Улогата на Никола Тодоров, како адвокат, во пржинските случувања беше да го убеди Никола Груевски од специјален јавен обвинител, како што е наведено во Пржинскиот договор, преку ноќ, решението персона да прерасне во систем, во специјално јавно обвинителство, вели новинарот Драган Павловиќ Латас во вечерашното интервју во „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

Зборувајќи за создавањето на Специјалното јавно обвинителство и случувањата денес, Латас се осврнува на улогата на Никола Тодоров, кој иако е еден од главните актери во пржинските случувања, како преговарач на ВМРО-ДПМНЕ, но и висок член на партијата, останува недопрен од СЈО во подоцнежните настани.

Целата оваа постапка беше под сугестија на Никола Тодоров. Тој е играчот кој го убеди Никола Груевски Пржинскиот договор да биде таков каков што е и да се формира СЈО како институција. Многу луѓе беа против. Не од лични причини, беа против од принципиелни причини. Секој ден имаше ново барање, секој ден има нешто што ја комплицира ситуацијата, вели Латас за улогата на Тодоров.

Според неговите сознанија Никола Тодоров е опфатен со два случаја, кои не се реализираат.

Едниот е „Диамед“, но не е поврзано со „Рекет“, за давање лиценца за фирмата која со приватно-јавно партнерство ќе прави дијализи. А вториот случај е за раскинат договор со лондонска фирма за набавка на дигитални рендген-апарати. Во двата случаја Никола Тодоров не е спомнат. Немаме во јавноста дека тоа е процесирано во суд. Но, затоа Никола Тодоров секој ден зборува против ВМРО-ДПМНЕ. Кај што може. Еве, формира со тоа друштво невладина организација која треба да му земе гласови на ВМРО-ДПМНЕ. Еврофедералисти. Е сега, дали ќе се преточи во политичка партија, тоа ќе видиме, вели Латас, кој е убеден дека Тодоров е целосно немоќен да одлее гласови од контото на ВМРО-ДПМНЕ на свое конто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This