„ЛЕВИЦА“ БАРА ОЦЕНКА НА УСТАВНОСТА НА РЕФЕРЕНДУМОТ: Уставниот суд да ја поништи одлуката за референдум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партијата Левица со нова иницијатива до Уставниот суд, овој пат од него бара да се оценува уставноста и законитоста на одлуката за распишување референдум, и побара нејзино поништување. Апасиев во својата изјава истакна дека има повеќе причини поради кои треба да се запрат активностите околу спроведување на референдумот. Од партијата бараат уставните судии веднаш по завршувањето на летните одмори, но пред датумот на кој е закажан референдумот, 30-ти септември да се изнесат во врска со нивната иницијатива.

– Бидејќи во иницијативата се бара времена мерка, тоа значи дека иницираме итна постапка и очекуваме Уставниот суд веднаш по годишните одмори, а тоа значи пред референдумот да се произнесе. Во случај да не се произнесе, можно е постфестум да ги поништи резултатите – рече Димитар Апасиев од Левица.

Правниците на Левица кои работеле на оваа иницијатива пронашле неколку точки кои се противуставни и не се во согласност со Законот за референдум, а се спротивни на воспоставените европски стандарди и добрите референдумски практики кои се утврдени од страна на Венецијанската комисија. Како клучна причина Апасиев го потенцираше фактот дека референдумот е консултативен.

– Членот 120 предвидува облигаторен и задолжителен референдум – рече Апасиев посочувајќи дека според нивното истражување Република Македонија воопшто нема донесено одлука за членство во ЕУ.

Членот на президиумот на Левица, професорот Апасиев вели дека прашање е конфузно и двосмислено и како што вели е стапица за гласачите, бидејќи не го содржи новото име на државата, кое е предвидено со Договорот од Преспа. Левица уште еднаш го потврди својот став за бојкот на престојнио референдум.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This