Легендарно – МАКЕДОНЕЦ СЛЕТАЛ ВО БЕЛГРАД СО ОБЛЕКА НАТОПЕНА ВО KOKAИН: „Ги перев алиштата, ама немав време да ги исушам“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српски цариници на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, спречија 51-годишен државјанин на Македонија да влезе во Србија со куфер полн со облека натопена со кокаин, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што наведува Царинската управа, македонскиот државјанин со албанско потекло на 13 декември допатувал од Еквадор, преку Амстердам во Белград, каде што цариниците при прегледот на багажот забележале дека облеката е влажна и потешка од очекуваното.

Штом патникот го отворил куферот се почувствувал силен мирис на киселина, а целата облека во багажот била влажна. Во куферот немало ништо друго освен облека, чевли и средства за лична хигиена, иако патникот рекол дека дошол од Еквадор, каде што 13 дена престојувал кај пријател.

„На прашање на царинските службеници зошто се влажни работите, патникот изјавил дека во земјата од каде доаѓа има висока влажност, па испраните алишта не успеале да се исушат“, соопшти Царинската управа.

По консултации со Обвинителството, наредено е багажот привремено да биде задржан и да се испрати на вештачење, а наодите на Националниот центар за криминалистичка форензика на српското МВР потврдиле дека примероците се позитивни на кокаин.

Против државјанинот на Македонија ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнеж за трговија со дрога.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This