ЛЕТНА ГЛАВАТА НА ЛАЗЕ ВЕЛКОВСКИ ЗА 100ЧЕ, КОГА ЌЕ ЛЕТААТ ВИСТИНСКИТЕ ГЛАВИ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на Советот на Град Скопје, Александар Трајановски на својот профил на Фејсбук објави статус:

Се изнасмеавме и наситивме на оставката на Лазе Велковски што го пушти службеното џипче да ја однесе ќеркичката до Грчка. Цела недела сите портали и медиуми се изнапишаа стории и приказни за Лазе и ќеркичката која била загрозена од прославата на Илинден. Лазе Велковски ја злопотребил службената положба и ушуќарил 100 евра преку МВР Турс, со други зборови му летна главата за 100че. И така ние сите се изнадрнкавме за Лазе, а во меѓувреме ќеркичката на Пановски си пазари кај тато медицинска опрема од 400.000 евра без тендер, па после нешто плус ситно за 3 милиона. Град Скопје прво прскање против комарци обави на 10ти август, со авиончиња чија намена не е за прскање ама лапнале тендерче, тоа е, МВР си купи 47 луксузни пасатчиња на тендер со само еден понудувач по цена плафон. Фондот за Иновации гледа иновативности само кај СДСМ и фамилиите на рљководните лешинари. Битно Лазе го изеде за 100че. Кога ќе летаат вистинските глави?
Скопје тешки ОПАЈДУРИ те газат

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This