Либанcкaта влада поднecе ocтавка, пpoтecтите продолжувaaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Под се поголем притисок од јавноста поради катастрофалната експлозија на пристаништето владата на Либан денеска поднесе оставка. Насилните протести продолжуваат веќе трет ден по ред а демонстрантите ја обвинуваат владата дека со својата негрижа и корумпираност ја предизвикала експлозијата. Премиерот Хасан Диаб претходно ги повика сите политички субјекти да се обединат за доброто на земјата, но мораше да ја прифати реалноста откако повеќе министри најавија оставки.

Иако главното барање на демонстрантите беше владата да понесе одговорност за катастрофата, сепак нивниот гнев не стивнува. Тие ја каменуваа зградата и ги фрлаа канистерите со солзавец преку скршените прозорци, додека владата ја одржуваше седницата.

Експлозијата која го срамни со земја главното пристаниште и уништи цели делови од либанската престолнина се случи на 4 август. Речиси 200 лица ги загубија животите, околу 6.000 беа повредени а 300.000 останаа без своите домови. Само материјалната штета се проценува на 15 милијарди долари.

Според првичните информации од истрагата, пожар во складиштето ја предизвикал експлозијата на 2.750 тони амониум нитрат, кој бил складиран во небезбедни услови речиси 7 години.

Земјата веќе беше во длабока економска криза уште пред да биде зафатена од пандемијата на коронавирусот а експлозијата на пристаништето ја доведе на раб на колапс. Повеќе држави ветија помош, но Либанците се сомневаат дека корумпираниот политички систем на земјата ќе успее да ја поправи ситуацијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This