April 28, 2024, 12:20 am

ЛИБИЈЦИТЕ ГО БАРААТ ГАДАФИ: По долго време, прославен празникот на револуцијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иљадници луѓе ја славеа 49 годишнината од револуцијата во Саб, а насобраните вееа знамиња со ликот на поранешниот претседател и лидер на Либија Муаамер Ел Гадафи, кој ја владееше и ја водеше Либија од 1969 – 2011 година.

Празникот се слави како сеќавање на државниот удар и воспоставување на Гадафиевото владеење. Празникот на револуцијата во времето на владеење на Гадафи беше помпезно прославуван, но по неговото убиство Либијците од страв не го славеа за да небидат сватени дека се приврзаници на Гадафи.

Но граѓаните на Саб одлучиле, прв пат годинава по смената на власта во Либија, да го прослават 1 септември на улиците и на тој начин да го покажат незадоволството од владечките структури на со нафта богатата афричка држава.

Во меѓувреме, владата на Либија, која ја признаваат ОН, прогласи вонредна состојба во Триполи и околината заради нападите во кои беа убиени 39 лица, вклучувајки и цивили.

Министерството за здравство соопшти дека се повредени 96 лица, пренесува АП.

Борбите почнале минатата недела помеѓу вооружени групи од триполи и други вооружени групи од едно место јужно од либиската престолнина.

Во соопштението кое го даде владата, спротвиставените страни се повикуваат да престанат со судирите и да го почитуваат договорот за примирје.

Либија од избувнувањето на бунтот во 2011 година западна во хаос, колку за потцетување, тогаш беше соборен, а потоа и убиен долгогодишниот лидер на Либија, Муамер Ел Гадафи и од тогаш со земјата управуваат две спротивставени влади, едната со седиште во Триполи, а другата на исток на Либија и двете влади имаат подршка од бројни наоружани групи кои ја имаат вистинската власт на теренот.

Подготвил
Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This