ЛИДЕРОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА ПАТУВА ЗА УНГАРИЈА: Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска и утре ќе престојува во Виена, Австрија и во Будимпешта, Унгарија.

Како што соопштија од партијата, Мицкоски ќе има средба со унгарскиот премир, Виктор Орбан.

-На средбата, на која ќе присуствува и потпретседателот на партијата, Александар Николовски, се очекува да разговараат за прашања поврзани со актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и размена на информации на ниво на сестринските партии за правците на понатамошно дејствување во пресрет на претстојниот конгрес на Европската народна партија и изборот на новото раководство, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски во Виена ќе оствари средба од научен карактер, размена на искуства и информации поврзана со неговата професорска дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This