Лидија Петкоска: “Охрид – peкopдep нa cитe пoлињa”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Можеби звучи неверојатно, но чиста вистина е фактот дека Охрид руши рекорди на сите полиња. Општина Охрид до неодамна беше најпозната по највисокиот долг на општината од 15 милиони евра. Сега Охрид е на врвот според цената на водата, а денес стана рекордер и по бројот на вработувања, кој го надмина европскиот просек за 300% повеќе вработени!

И како што си ја личи работата, власта повтодно ќе донесе закон за репрограмирање на долговите на општините затоа што нели, избори се ближат и мора да се сокријат трагите од неспособноста на централната власт пресликани на локално ниво.

Конкретно, што се однесува на „предизборните“ работи, ми се чини дека нивниот интензитет е обратно пропорционален на резултатите кои властите ги оставиле зад себе.

Зошто? Затоа што токму сега е моментот кој неспособните градоначалници, кои не сработиле ништо, ќе го искористат за Јавните претпријатија да ги претворат во партиски испостави за вработувања и полнење на администрацијата, наместо за проекти кои ќе им донесат бенефити на граѓаните.

Па така, охридскиот градоначалник, оној кој го пушти низ вода УНЕСКО статусот, ја дополни администрацијата со 32 нови вработувања, кои општина Охрид ќе ја чинат над 200.000 евра годишно.

Со тоа, бројот на вработени во институцијата од 253 се искачува на 285 вработени, што пак е за 300% повеќе вработени од европскиот просек.

Ама кој да ги гледа европските прописи и стандарди, кога ние само декларативно се залагаме за правиот пат кој води Европа!

Ние МОЖЕМЕ многу повеќе од Европа, зато што кај нас вработувањата во локалните самоуправи се имуни на секаков вид пандемии. Па како ќе функционира општината без телефонист, разно-разни администратори, лица за протоколи…И сосема е небитно на што се должи потребата од зголемен број на вработувања, сосеема е небитно колку вработени треба да има локалната самоуправа на општина Охрид согласно бројот на жители и колку ќе ја чинат општината новите вработувања… затоа што се навикнавме државата да нè третира како сточен фонд, како крави молзници и немоќни овци кои ги шиша до гола кожа! За ова ли се боревме, за ова ли држава створивме!?

Постот може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This