Лидepитe нa ЕУ ce pacпpaвaaт зa диcтpибyциjaтa нa вakцинитe, нeycoглaceнo e и eмбapгoтo зa извoз

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерите на ЕУ, на виртуелниот самит, не ги надминаа споровите околу дистрибуцијата на вакцини против ковид-19. Не е усогласено ниту ембаргото за извоз на вакцини во трети земји. Проблемот со недостигот и нееднаквата дистрибуција на вакцини останува да се реши подоцна.

До летото, Европа ќе биде најголемиот производител на вакцини против коронавирусот, тогаш светот ќе види дека не сме себични, рече францускиот претседател, кој заедно со Италија и Германија е најголемиот поборник за контрола на извозот на вакцини произведени на тлото на ЕУ.

„Прво, не сме веќе наивни. Јас ги поддржувам механизмите за контрола на извозот утврдени од Европската комисија. Ние мора да го блокираме целиот извоз сѐ додека некои компании не ги почитуваат своите обврски кон Европејците“, рече францускиот претседател Емануел Макрон.

Пред да почне со производството на вакцини, Брисел нарача најмногу дози од Астра зенека, бидејќи тие беа најевтини и најлесни за транспорт.

Доцнењето во производството на оваа вакцина ја искомплицира работата, а во решавањето на ситуацијата не помогна ни начелниот став дека одобренијата за употреба на вакцини треба да се издаваат многу внимателно и кинеските и руските вакцини да се игнорираат.

„Ние сакаме да осигуриме дека Европа ќе го добие својот фер удел од вакцините, затоа што мора да можеме да им објасниме на нашите граѓани дека ако компаниите извезуваат вакцини на друго место во светот, тоа е затоа што тие претходно целосно го испочитувале она на што се обврзале кон Европската Унија, дека тоа не го загрозува нашето снабдување“, рече претседателката на ЕК Урсула фон дер Лаен.

Сега е објавено дека наскоро во ЕУ ќе пристигнат 10 милиони дози од вакцината на Фајзер. Јавна тајна е дека многу членки на Унијата одделно преговараат за набавка на вакцини и дека некои се свртеа кон производителите од Кина и Русија.

Оние што платија за вакцината на Астра зенека, но не ја примија, останаа со празни раце. Соседите на ЕУ, кои се надеваат на помош со вакцините, се во уште потешка состојба.

Во меѓувреме, третиот бран на епидемијата се заканува да биде најсмртоносен.

„Постојат јасни сигнали дека овој бран може да биде полош од првите два. Ние мора да бидеме подготвени за ситуација на голем скок на бројот на пациенти. Болниците ќе бидат преоптоварени, а многу луѓе ќе умрат“, рече претседателот на институтот Роберт Кох, Лотар Вајлер.

Излезот, како што може да се види во примерите на Велика Британија и Израел, е во масовна вакцинација, но и во доследното спроведување на мерките. Досега Европската Унија не покажа дека е на висината на задачата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This