Лидepи нa пeт члeнки нa ЕУ пpeдyпpeдyвaaт нa гoлeми paзлики вo диcтpибyциjaтa нa вakцинитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерите на пет членки на Европската унија денеска повикаа на разговори на високо ниво за фер дистрибуција на вакцините против коронавирусот, предупредувајќи дека сегашниот начин на работа на тој систем до летото може да создаде „големи разлики” меѓу земјите членки.

Лидерите на Австрија, Бугарија, Летонија, Словенија и Чешка во писмо до функционери на ЕУ истакнаа дека сметаат оти сегашниот систем „може да продолжи да создава и продлабочува големи разлики меѓу земјите членки до ова лето, при што некои од нив ќе можат постигнат колективен имунитет за неколку недели, додека другите држави би можеле да заостанат далеку зад нив”.

Во писмото до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, функционерите на ЕУ се повикуваат „што е можно поскоро да одржат дебата за ова важно прашање”.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц вчера петокот рече дека вакцините не се делат пропорционално меѓу земјите-членки на ЕУ и оти се склучуваат дополнителни договори за снабдување со вакцини како резултат на нетранспарентни преговори меѓу лидерите на ЕУ.

Курц смета дека Холандија и Данска имаат пристап до значително повеќе дози вакцини по глава на жител отколку земјите како, на пример, Бугарија или Хрватска.

Петмина шефови на влади ја критикуваа досегашната практика на дистрибуција на вакцини бидејќи тоа е во спротивност со договорот на ЕУ за пропорционална распределба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This