ЛОГИКАТА НА ОСМАНИ: Граѓаните на Косово очекуваат каков одговор ќе добие С Македонија и да видат дали се исплати да прават компромис со Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очекуваме јасна одлука за отпочнување на преговори со ЕУ, затоа што ова е единствениот правилен епилог на овој процес којшто не се засновал на политички премостувања.

Ова го истакна вицепремиерот Бујар Османи на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции.

Тој посочи дека очите на 20 милиони жители од Западен Балкан се насочени кон Брисел и очекуваат каков одговор ќе добие Северна Македонија и дали ЕУ ќе го одржи зборот за да се сочува перспективата на оваа земја.

– Граѓаните на Косово очекуваат каков одговор ќе добие Северна Македонија и да видат дали се исплати да пристапат на дијалог за компромис со Србија, а очите на осум милиони граѓани од Србија се насочени кон Брисел да видат каков одговор ќе добие Северна Македонија, рече Османи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This