Лондон го пpизнa пopaзoт: Пyтин пoбeдyвa вo свeтcкaта тpкa за вakцините – ги бoлaт пapите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската вакцина Спутник 5 покажа високо ниво на ефикасност и безбедност за време на неодамнешните испитувања, што ја прави Русија потенцијален играч на пазарот за вакцини од повеќе милијарди долари.

Прелиминарните резултати од анализата на клиничките истражувања, објавени во британското медицинско списание Лансет, покажаа дека вакцината Спутник 5 е 91,6 проценти ефикасна во спречување на ковид-19 и обезбедува целосна заштита од тешки случаи на заболување.

Вакцинацијата помина без сериозни несакани ефекти. Исто така, откриено е дека вакцината е безбедна за старите лица, пишува WSJ.

Весникот наведува, дека признавањето на ефикасноста на вакцината Спутник 5, ја означува победата на рускиот претседател Владимир Путин во глобалната трка со вакцини, обезбедува доверба во можностите на руската наука и медицина и ги побива некои критики со кои се соочува Москва за забрзан развој на вакцини и недостаток на податоци за истражувањето.

Исто така, се наведува дека ефикасноста на Спутник 5 е практично еднаква на ефикасноста на вакцината на американскиот Модерена, американската компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер БиоНТех ( 91,6 проценти наспроти 95 проценти). Во исто време, руската вакцина е поефикасна од вакцината на британско-шведската компанија АстраЗенека. чија ефикасност се движи од 62 до 90 проценти.

Научното списание Лансет ги објави резултатите од третата фаза на клинички испитувања на Спутник 5 потврдувајќи ја неговата ефикасност и безбедност. Во текот на третата фаза на клинички испитувања, вакцината покажа високо ниво на ефикасност, имуногеност и безбедност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This