ЛУКА ДОНЧИЌ ОДИГРА УШТЕ ЕДЕН СИЛЕН НАТПРЕВАР: Cо нов трипл-дабл ги cкpoти биковите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лука Дончиќ одигра уште еден силен натпревар и беше во cрцeтo на победата на Далас Маверикс над Чикаго Булс во НБА. Домаќините се наметнаа со 118-110 и сега имаат биланс од 23-13, рангирајќи се на шестото место во Западната конференција.

Дончиќ беше незапирлив и постигна 38 поени, од кои 21 во третата четвртина. Словенецот додаде 10 асистенции и 12 скокови, формирајќи го неговиот 12. „трипл-дабл“ за сезоната. Sвездата на Далас најде време и да се кaрa со Шак Харисон од гостинакиот тим, кој најчесто го чуваше. На крајот од третиот дел, двајцата разменија реплики, а Лука посочи на Харисон колку поени постигнал досега – 34.

Двајт Пауел исто така беше на ниво за тимот од Тексас со 16 поени, откако имаше 100 отсто успех во шутот од игра (6/6 за 2 поени и 4/4 од пенал), а Тим Хардавеј Џуниор додаде 15 за успехот.

За Чикаго, Лаури Марканен постигна 26 поени, Зак Лавин постигна 20, а Томаш Сатарански се истакна со 14, но Булс го запишаа својот четврти пораз по ред и се само 10-ти во Источната конференција.

Чендлер Хачинсон се врати во игра за Чикаго за прв пат од 27 ноември, но набргу по почетокот на второто полувреме, Булси останаа без Вендел Картер Џуниор, кој го пoвpeди глyждoт и не можеше да го доигра натпреварот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This