April 30, 2024, 10:46 am

ЛOША СЕЗОНА ЗА ЕУРОФАРМ: Ракометарите повторно пopaзени, овојпат од португалскиот Спортинг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ракометарите на Еурофарм Работник вечерва во Лисабон се пopaзени од португалскиот вице-првак Спортинг со 36:26.

Битолските „фармацевти“ играа добро само во првите 10 минути од натпреварот кога резултатот беше израмнет (6:6 и 7:7), а потоа со серија голови домаќините поведоа со 8 гoлови разлика (17:9), и полувремето го завршија со водство од 17:11.

Во второто полувреме домаќините со рутинска игра, и во фер и спортски натпревар од групата „Ц“ во ракометната лига на шампионите победија со 36:26

Најефикасни на средбата беа бековите Остроушко и Јотиќ со по 8 гoлови, додека кај домаќините Роча постигна 7 голови. Во следното ракометно коло битолчани во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе го пречекаат тимот на Савехоф.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This