МАГНЕТ ЗА БАКТЕРИИ: Дали знаете колку е нечисто парчето лимон во вашиот пијалак?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сте помислиле ли некогаш колку бактерии се наоѓаат на парчето лимон во вашиот џин, лиметата во вашата вотка или портокалот во вашиот коктел?

Парчињата овошје како совршена декорација на вашиот пијалак би требало да го поттикнат вашиот ум да се опушти и релаксира, но ако малку подлабоко размислите низ што тие поминале на патот до вашата чаша, веруваме дека ефектот ќе биде сосема спротивен.

За потребите на една студија објавена во „Journal of Environmental Health“ истражувачите испитувале парчиња лимон од нивните пијалаци во 21 различен ресторан.

Откриле дека 70% од испитаните примероци биле домаќини на микробен развој, вклучувајќи 25 различни видови на микроби.

„Сите микроби пронајдени на парчињата лимон имаат потенцијал да предизвикаат инфективно заболување на различен дел од телото, иако во текот на истражувањето не ја испитувавме веројатноста за тоа“ – напишале истражувачите.

„Сопствениците на рестораните треба да бидат свесни дека парчињата лимон додадени во пијалаците може да вклучуваат потенцијални патогени микроби.“

Д-р Филип Тиерно, кој е професор по микоробиологија и патологија на Универзитетот во Њујорк објаснува дека парчињата овошје во пијалаците може да содржат контаминација од кожата, респираторни секрети, а понекогаш и фекални материи, во форма на бактерии како што е ешерихија коли, стафилокока и норовирус.

Колку и ресторанот да внимава на хигиената и да го мие овошјето, сепак нивните бармени допираат постојано со рацете многу работи, па оттука и лесно е пренесувањето на микробите.

Добрата вест е дека ако алкохолот кој го пиете е доволно силен, тој ќе ги убие бактериите, но доколку е растворен, нештата стануваат посложени.

Алкохолот можеби е доволно силен да ги убие бактериите, но не и вирусите.

Сепак, професорот изјавува дека секогаш кога ќе го прашаат дали сака лимон во пијалокот, тој одговара „да“, но внимава дали барменот ќе ги допре рабовите на чашата или ќе искористи нечиста крпа за да ја избрише истата.

„Не постои начин целосно да се заштитите од бактериите, бидејќи тие се присутни насекаде. Но и покрај тоа, треба да внимавате и да гледате што внесувате во организмот“ – додава тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This