МАДУРО ГИ ПРЕКИНА ДИПЛОМАТСКИТЕ ОДНОСИ СО КОЛУМБИЈА: Претседателот ги избрка дипломатските претставници откако Колумбија се обиде да ѝ помогне на опозицијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Венецуела изјави дека ги прекинува дипломатските и политичките врски со Колумбија.

„Долго страдавме поради колумбискиот народ кој живее помеѓу нас… Донесов одлука да ги прекинеме дипломатските и политичките односи со Колумбија“, изјави претседателот Мадуро нарекувајќи го колумбискиот претседател „вистински ѓавол“.

Тој им даде рок од 24 часа на дипломатските претставници да ја напуштат земјата.

По инцидeнтитe на границите со Бразил и Колумбија, Мадуро изјави дека само тој и никој друг управува со земјата, и дека ќе продолжи да управува.

„Цврст како никогаш до сега, тврд како орев, ќе продолжам да управувам со земјата сега и во годините што ќе следат“, изјави тоја на митингот што се одржа на улиците на Каракас.

Венецуелскиот претседател ги повика граѓаните и вojcкaтa да излезат и да ја штитат земјата доколку нешто му се случи.

„Ви наредувам да да не се колебате ниту секунда доколку чуете дека нешто ми се случило“, рече тој.

Венецуелската опозиција се обидува да внесе хуманитарна помош во земјата, додека владата на чело со легитимниот претседател одбива, тврдејќи дека хуманитарната помош е обид на САД да предизвика пpoвокации.

Гваидо тврдеше дека еден камион со хуманитарна помош ја преминал колумбиската граница, а сега бројката се зголеми на четири. На граничниот премин полицијата се обидела да ги запре камионите при што употребила coлзaвец.

Самопрогласениот Гваидо ја ужива поддршката на САД и неколку европски и јужноамерикански земји, додека претседателот Мадуро го поддржуваат Кина и Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This