МАКЕДОНИЈА ГЛАВНА ТЕМА НА ИЗБОРИТЕ ВО ГРЦИЈА: Предвремени избори во Грција – Македонија главен адут и на двете страни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија ќе биде главниот адут и на двете спротиставени страни на најавените предвремени избори во Грција. Опозициската Нова Демократија на Кирјакос Мицотакис ги користи сите можности за да ја обвини СИРИЗА дека Преспанскиот договор е штетен за Грција, додека Владата ги потенцира промената на името на нашата земја и промената на стотици имиња на институции како доказ дека Договорот е направен целосно во грчка полза. Откако атинските медиуми објавија за неппоменетото име на сајтот за туристичка промоција на земјава Macedonia timeless, од Нова демократија порачаа дека „Провокативната и дрска употреба на терминот Македонија од официјален сајт на Скопје и тоа за туристичка промоција на соседната земја“, на најлош начин ги оппавдувало нивните предвидувања дека Ципрас им ги отстапил на соседите „македонски идентитет и јазик”, а терминот „Северна” едноставно ќе избледи и ќе се забопави. На ова шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос одговори дека по сите други имиња и тоа на туристичката кампања исто така ќе биде променето.

-Нова демократија уште еднаш одбра да биде опашка на жолтиот печат што ја поддржува нејзината политика. Од очигледни причини за ситно политичка употреба, одбира да го игнорипа фактот дека целиот свет, соседната земја ја нарекува С Македонија, дека промени стотици имиња на институции и објекти за да одговараат на новото име и продолжува со тоа, и дека веќе од 15-ти мај е соопштено дека ќе ја промени туристичката кампања за да се усогласи со новото име, соопштуваат од кабинетот на Катругалос.

Премиерот Алексис Ципрас донесе одлука да излезе на вонпедна проверка на волјата на народот откако неговата СИРИЗА пред две недели загуби со голема разлика од Нова Демократија на европските избори. Тој вечерва од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос ќе побара паспуштање на Парламентот и објавување предвремени парламентарни избори, што ќе се одржат на 7 јули. Според сите анкети спроведени кај јужниот сосед, Нова Демократија има постојана и стабилна предност и најверојатно Мицотакис ќе биде новиот грчки премиер. Тој, иако најави дека ќе го почитува Преспанскиот договор, предупреди дека има на располагање бројни инструменти за да ја блокипа Македонија во европските интеграции доколку однесувањето на македонската Влада не му биде по волја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This