МАКЕДОНИЈА, ДЕ ФАКТО НЕМА ГРАНИЦИ: Видео надзорот на граничните премини и системот „ТЕТРА“ не функционираат – Македонија практично нема гранична заштита!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На интернет сервисот „Џаст пејст ит“, кој најчесто го користат т.н. свиркачи поради можноста за сокривање на идентитетот, беше објавен текст во врска со злоупотреба на системите за гранична заштита, со што се отвара голема безбедносна дупка

 

Текстот објавен на „Џаст пејст ит“ го пренесуваме во целсот:

„Македонската јавност треба да знае дека вработени во Одделот за телекомуникации при МВР заедно со вработени во Граничната Полиција по налог на пајташите на Оливер Спасовски намерно ги расипуваат и оставаат во дефект камерите за видеонадзор на граничните премини. Овие видеокамери беа поставени како дел од Паткоказот на ЕУ за добивање на безвизен режим на Македонија во Шенген зоната за нејзините граѓани уште пред 10 години. Истите имаат опција за препознавање и на регистерска табличка, но и снимање на патниците кои преминуваат преку граничниот премин.
Без видеонадзор се премините Ќафасан и Блато кон Албанија, Блаце кон Косово, Меџитлија кон Грција. Камерите се намерно расипани и за тоа никој не реагира. Ниту координаторот на Интегрирано Гранично Управување, кумановскиот пајташ на Оливер, Владимир Пивоваров, тотално незаинтересиран за работата освен за оговарање на бившата власт. Ниту началникот на граничната полиција, Маринко Кочовски, а најмалку пак Маријан началникот на Одделот за телекомуникации.
Дали сега Оливер ќе ги отпушти сегашниве началници поради крахирање на граничниот видео надзор, како што отпушти старешини за нефункционирање на опцијата за снимање и зачувување на разговорите преку ТЕТРА системот за комуникации на МВР.
Дали не му е срам јавното претпријатие за државни патишта да има пофункционален онлајн надзор на граничните премини, достапен за сите граѓани?
Дали граничниот премин Ново Село намерно е оставен со вкупно 18 полицајци за да непречено си тераат илегалните бизниси кои колегите од Златарево на бугарска страна ги ловат како зајаци?
Зошто и по чиј налог граничните полицајци на Табановце и Богородица по назначувањето на новите командири од страна на Спасовски намерно прават километарски колони и го успоруваат протокот на патници? Дали можеби за во содејство со царината да прават ршум во земање мито на македонските граѓани кои се враќаат дома од Западноевропските земји?
Зошто се сменија сите меѓународно обучувани командири на гранични премини и се поставија партиски војници наместо нив, а не се смени началникот на граничната полиција Маринко Кочовски. Или рибата смрди од опашката според логиката на шефот на Спасовски?
Не очекуваме Оливер да се вразуми откако го излуди и опи власта и моќта, но очекуваме дека кога тогаш ќе одговара за сите злодела што ги направи врз безбедносниот систем исклучиво за партиски интереси.“ – стои во објавата на „Џаст пејст ит“.

 

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This