МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР: Димитров го прими новоименуваниот амбасадор на Холандија во земјава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија во Македонија, Дирк Јан Коп.

Како што соопшти МНР, посакувајќи му срдечно добредојде и успех во вршењето на функцијата, министерот Димитров изрази увереност дека во текот на мандатот на амбасадорот Јан Коп, односите и соработката меѓу двете пријателски земји натамошно ќе се продлабочуваат.

Во оваа прилика, министерот информираше за преземените активности во последниот период во функција на обезбедување напредок во евроинтегративните процеси и актуелните домашни случувања. Во овој контекст, беше истакнато дека очекуваме позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври, при што холандската поддршка останува клучна за валоризација на постигнатото во изминатите две години во насока на продлабочување на европскиот пат на Македонија.

Амбасадорот Јан Коп изрази задоволство од укажаната можност, лично да придонесе во зајакнување на македонско-холандското пријателство. Тој ја повтори поддршката на холандската Влада за натамошна имплементација на реформската агенда во нашата држава, како и нивните заложби, оваа година со почитување на принципот „стриктно и фер”, Македонија да ги реализира своите стратешки цели.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This