МАКЕДОНИЈА ЗАСОЛНИШТЕ ЗА ИСФРУСТРИРАНИ АМБАСАДОРИ: Доаѓаат во Македонија за да си ги лечат фрустрациите од младоста на стари години!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Анонимни службеници во своите земји кои добиваат политички амбиции и стануваат опседнати да ја водат државата. Вака твитерџиите ги опишуваат некои од амбасадорите во Македонија, за кои додаваат дека “по некое време не може да се разликува дали се само амбасадори и претставуваат друга држава или се кандидати за премиер или претседател во Македонија“.

garetot-640x856

„Некои амбасадори кога ќе дојдат во Македонија како анонимни службеници и во нивната земја и во нивното МНР, кога од возење со метро ќе се префрлат на скап автомобил со личен возач, од готвачи во нивниот скромен дом ќе добијат готвачи за нив и келнери во раскошни резиденции, стануваат опседнати да ја водат државата, да ја креираат нивната иднина, да учествуваат во домашната политика активно, да се мешаат во партиските и владините секојдневни одлуки, да контролираат поголем дел од медиумите, да даваат изјави и да ги има нивните политички изјави во вестите. Добиваат политички амбиции и по некое време не може да се разликува дали се само амбасадори и претставуваат друга држава или се кандидати за премиер или претседател во Македонија.

Понекогаш тоа им се случува на многу мажи над 40-тата година, кои во детството и младоста наместо да бидат дел од маалскиот фудбалски клуб со најдобрите, ги ставале да бидат стативи. Таквите често многу подоцна добиваат неодолива желба да станат фудбалери и да даваат многу голови во Лигата на шампионите.

Неостварените соништа од младоста се причина некој да ги остварува на стари години, на сметка на демократијата и слободната волја на граѓаните кој тие сакаат да раководи со земјата“.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This