Македонија и официјално „банана држава“: Пад од 47 места на индексот за корупција на Транспаренси, ја делиме позицијaта со Панама, Бocна и Монголија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според невладината Транспаренси, која го мери индексот на корупција, Македонија е рангирана на 111 место кое го дели во Босна, Панама и Монголија. 

Индексот, кој рангира 180 земји и територии според нивните перцепирани нивоа на корупција во јавниот сектор според експертите и деловните субјекти, користи скала од нула до 100, каде нулата означува највисок степен на корупција, а 100 најнизок степен.

На врвот на листата се Данска и Нов Зеланд, со освоени 88 поени, а потоа следат Финска, Сингапур, Шведска и Швајцарија со по 85 поени.

 Најниско рангираните земји се Јужен Судан и Сомалија, со по 12, а потоа следат Сирија (14), Јемен (15) и Венецуела (15), од овие земји Македонија има разлика од околу 20 поени.

Истражувањето на Транспаренси покажува дека корупцијата не само што го поткопува глобалниот здравствен одговор на КОВИД-19, туку исто така придонесува кон континуирана криза на демократијата.

Да се потсетиме дека дека во 2020 година приситигна потврда од ДУИ дека на нивно барање од почеток е започнато судењето за предметот „Монструм“, поранешниот директор на Фондот за здравство на снимка беше фатен како зема поголема сума на пари, а пристигнаа и пресудите за случајот „Рекет“ слуачај за кој Катица Јанева доби само 3 години затвор.

Не смееме да ја заборавиме и извјата на Бојан Јовановски познат како Боки 13 во која во завршниот збор пред судот изјави дека организатори на рекетот се премиерот Зоран и неговиот брат Вице Заев, обвинување за кое до ден денес нема реакција од јавното обвинителство.

Ова се само дел од наводите за криминал и корупција кои многу веројатно помогнаа Македонија да доживее катастрофален пад од 18 места на листата на Транспаренси.

Можеме слободно да кажеме дека со последното рангирање Македонија официјално станува банана држава, имајќи во предвид дека токму Панама со која го делиме 111 место е една од првите држави за кои е употребен овој термни.

Во политичките науки, терминот република банана опишува политички нестабилна земја со економија зависна од извоз на производ со ограничен извор, како што се банани или минерали.

Во 1904 година, американскиот автор Вилијам Синди Потер попознат под прекарот О.Хенри го измислил терминот за да ги опише Хондурас и соседните земји меѓу кои и Панама кои биле под економска експлоатација од страна на американските корпорации, како што е Обединетата компанија за овошје.

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година Македонија со 45 поени се наоѓаше 64-тото место според истото рангираше пред голем број од своите соседи.

 

Пишува: Милош Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This