Македонија и Србија се соседи, но Власта во Македонија е од неолитот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Колкава е неспособноста на власта во Македонија, најдобро се гледа преку ситуацијата со вакцините за заштита од Ковид-19. Граѓаните на Србија имаат избор од четири вакцини против коронавирусот, а во Македонија на ниту една. Денес премиерот Заев безмалку призна дека терал геополитика врз грбот на 3000 починати досега од ковид-19 во Македонија.

Македонските власти досега немаат обезбедено ниту една доза вакцина, освен подареното пакетче од Србија, кое не е доволно ни за здравствените работници за една доза. Додека сите соседни земји почнаа вакцинација, македонската власт на чело со премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче, безниту една вакцина „стравуваат да не се направеле вишоци“ и ги „штеделе народните пари“. И за сите проблеми во здравството, иако се веќе втор мандатна власт, упорно ја обвинуваат опозицијата.

Во Србија, денес низ етерот е изјавата: Стануваме една од ретките земји во светот што има на располагање четири вакцини. Горд сум на одговорноста, на сериозноста што ја покажавме.

Ова го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на аеродромот Никола Тесла во Белград по пристигнувањето на првите 150.000 вакцини од британско-шведскиот производител АстраЗенека.

Вакцините уште од утре ќе бидат достапни на граѓаните.

-Ова бараше многу работа, јас го молев премиерот Борис Џонсон и многу други високи претставници на британските власти, и им благодарам за помошта, им благодарам што сакаа да не слушнат. Им благодарам што вакцините „АстраЗенека“ пристигнуваат многу порано отколку во многу земји. Цената за овие вакцини е најповолна. Компаниите се откажаа од профитот, истакна Вучиќ.

Од денеска Србија станува една од ретките земји во светот каде што граѓаните ќе можат да избираат помеѓу четири различни вакцини против корона вирусот: американско-германскиот „Фајзер/Бионтек“, рускиот „Спутник V“, кинеските „Синофарм“ и британско-шведската „АстраЗенека“.

Исто така, денеска во Србија се очекува да пристигне нов контингент од 50.000 дози на руската вакцина „Спутник V“, како што претходно најави министерот за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This