Невработените кои нема да се пријават до 19 март ќе бидат избришани од евиденција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири, апелира до граѓаните да ги почитуваат роковите за пријава во Агенцијата, затоа што од 15 септември лани повторно е воспоставено редовното пријавување на секои 30 дена за активните баратели на работа и на секои шест месеци за пасивните.

Тој ги повика лицата кои доцнат со пријава во евиденција на невработени лица да дојдат во Центрите за вработување и дисперзираните канцеларии за да ја регулираат својата обврска во рок од 30 дена, односно најдоцна до 19 март, петок.

Јавно ги повикуваме сите оние лица кои ги надминале роковите за пријава во евиденцијата на АВРМ во наредните 30 дена почнувајќи од утре, да дојдат во Центрите за вработување каде се евидентирани за да ја регулираат својата обврска како активни или пасивни баратели на работа. Апелираме до сите лица кои ќе дојдат да се евидентираат да ги почитуваат мерките за заштита, да носат заштитна маска и да одржуваат соодветна дистанца од другите лица – рече директорот.

Невработените лица беа известени за терминот кога треба да се пријават во надлежниот Центар за вработување или дисперзирана канцеларија.

Невработените лица кои нема да ги исполнат своите обврски во рок од 30 дена согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност се бришат од евиденцијата на невработени лица и можат повторно да се пријават по истекот на една година, а корисниците на права по основ на невработеност го губат и правото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This