April 27, 2024, 10:44 pm

МАКЕДОНИЈА КАКО КОЛУМБИЈА ПОД ЕСКОБАР: Се врати рекетот, мафијашките пресметки и убиствата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доаѓањето на власт на СДСМ секогаш значи зголемување на насилството, рекетот и уцените. Со новата власт, несигурноста дефинитивно се враќа во 1995/1996 година, кога клановите блиски до СДСМ го водеа главниот збор. Македонија со мафијашките пресметки и убиствата се претвора во Колумбија – пишува Курир

 

Пред малку повеќе од 24 часа, Дилавер Бојку – Леку, познат осуденик за нелегална проституција во селото Велешта, Струшко, со куршум во глава беше убиен на плажа во Струга пред својата кафеана во близина на старата автобуска станица. Неговиот убиец не е пронајден, а се уште нема ниту осомничен – додава порталот.

Покрај за убиства, Зоран Заев и неговиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски молчат и за палењето на автомобили. За само една ноќ во Скопје беа запалени 4 автомобили.

Пукањата станаа секојдневна работа, а граѓаните живеат во страв и несигурност.

Се уште не се пронајдени ниту вандалите кои ги сквернавеа православните гробишта во Љуботен. МВР на чело со Спасовски, молчи и за таа работа, додека сторителите на овој грозоморен чин се на слобода.

Заев и министерот за надворешни работи од неговата влада Никола Димитров молчеа и кога Косово го ослободи Лирим Јакупи Нацист, човекот кој убиваше македонски полицајци.

Неодамна, членот на СДСМ и сопруга на Агрон Буџаку кој сега е директор за Центарот за управување со кризи, Мери Николова, побара амнестија за Бајруш Сејдиу, кој беше обвинет за малверзации и стечајни постапки. Покрај за Сејдиу, се бараше амнестија и за учесниците во случувањата во кумановската „Диво насеље“, кога осуммина македонски херои го положија својот живот бранејќи ја Македонија, четириесетина беа тешко повредени. Се бара амнестија и на убијците на четирите момчиња на возраст од 18 до 21 година и 45-годишен маж, кои се случија кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This