Македонија на нозе: Граѓаните се помасовно излегуваат и бараат нeотповиклива оcтавка на Зоран Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пртести на ВМРО-ДПМНЕ се одвиваат во 20 градови, а граѓаните се помасовно излегуваат и бараат неотповиклива оставка на Зоран Заев, бидејќи како што велат друга држава немаат, Македонија им е единствена татковина и тука сакат да ја градат својата и иднината на своите деца.

Својот револт против Заев  и неговите политики го изразија жителите на Македонска Каменица од каде што Ламбе Арнаудов истакна дека никој нема право да тргува со македонската историја, со нашите татковци и дедовци кои со животи ја платија нашата слобода и се бореа за слобода на Македонија.

Денеска се потврди дека Заев тргува со идентитетот, дека сака да не избрише како Македонци дека сака да ни ја избрише историјата, тоа нема да го дозволиме. Нема да дозволиме Заев од нас да направи вештачка нација. Тука сме му се спротивставиме и нема да се откажеме се додека Заев не си замине од власт. Доста се порази и понижувања, изјави Арнаудов.

Против Заев и неговите погрешни политики се протестираше и во Виница од каде што пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Христова порача дека граѓаните се тука да стават крај на велепредавството на Заев.

Се дрзнаа да ни ги продаваат јазикот, идентитетот, историјата. Се обидуваат да го продаваат Гоце Делчев, а од нас да направат вештачка нација.  Ние тоа нема да го доволиме. Застануваме на патот на раскрчмувањето на македонската држава. Затоа ги повикувам сите граѓани да ни се приддружат и во наредниот период се додека не го испратиме Заев во историјата и додека не си ја спасиме државата, потенцираше Христова.

Народот се буди, бара оствака на Зоран Заев и заминување на оваа криминална мафијашка влада. Нема да дозволиме распродажба на македонските национални интереси и распрачување и урнисување на достоинството на македонскиот народ. Бараме итно прекинување на преговорите со Бугарија, не дозволиво е преговарање за македонскиот јазик, македонскиот идентите и македонската историја, нема да дозволиме национално понижување, порача денеска Мане Јаковлевски на протестот Оставка на Заев слобода на народот пред граѓаните во Пехчево.

Претседателот на УМС Сергеј Попов, на протест во Берово ги повика сите малди да излезат на улиците и да побараат оставка од Заев, односно како што рече ние младите сакаме достоинствен живот како сите млади во Европа и светот, а не живот каков што нуди СДСМ и Заев.

Ги повикувам сите млади во наредниот период да излезат и да ни се придружат на протестите, ние единствено што бараме е достоинствен живот и сигурна иднина, а не ова што ни го нуди власта и Заев, распродажба на македонскиот јазик и историја, вели Попов.

На ист став се и граѓаните на општина Кочани, а пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков пред присутните граѓани на протестот изјави дека нема откажување се додека Заев не си поднесе оставка, ВМРО-ДПМНЕ останува на улиците.

Остануваме на улиците, колку сме толку сме. Бараме оставка од Заев и нема откажување. За нашето минато, нашата македонска историја, нашиот македонски јазик и нашиот идентитет нема право никој да преговара. Не бараме ништо што е туѓо, само бараме да запре ова срамно понижување и на македонскиот народ и на сите граѓани кои живеат овде. Зоран Заев мора да си замине, за Македонија да оди напред. Доста ние од поразите и неуспесите. Доста е со виткање на кичма, доста е со национално понижување. Оставка сега за да не биде предоцна, изјави Лефков.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This